Изнајмување
Ние се грижиме за машините CATERPILLAR повеќе од 15 години
Во текот на овие 15 години, ние растевме заедно со Вас, соочувајќи се со сите предизвици на сè поконкурентниот пазар.
Денешниот бизнис свет побарува брзина и ефикасност. Од таа причина, се одлучивме да понудиме услуги, кои ќе ги задоволат новите побарувања на компаниите - TEKNOXGROUP ИЗНАЈМУВАЊЕ!
Како гаранција за Вашата компанија, нашиот возен парк се состои само од нови машини, односно машини од најновата генерација, во согласност со сите релевантни закони и регулативи.
Наша задача е постојано да го обновуваме возниот парк со машини. Затоа, опсегот на производите кои ги нудиме се состои од машини, кои нудат максимална ефикасност (просечна старост под 18 месеци), што им овозможува на нашите корисници минимизирање на ризикот од запирање, гарантирајќи на тој начин максимална продуктивност на градилиштето.
Ви нудиме машини со комплетна конфигурација (клима уреди, дополнителни хидраулични системи, безбедносни системи) и комплетна опрема(специјални лопати, додатоци за обработка и рушење итн.), кои ја зголемуваат ефикасноста на Вашите машинисти и Ви овозможува да ги намалите потребното време за изведбата и трошоците за истата.
Благодарение на нашата мрежа на деловни единици и машините достапни во нашиот возен парк, секогаш Ви стоиме на располагање, на просечно растојание кое не надминува 100 km од Вашето градилиште.
Создадовме тим посветен првенствено на услугите за изнајмување, кој веднаш ќе им се посвети на сите Ваши потреби и барања.
Ншиот сервис за возниот парк се состои од специјализирани техничари, опремени со најмодерните алати и високо квалификувани за најнапредните технологии и карактеристики на машините.
Нашата распространетост како и состојбата на нашата опрема гарантираат минимум запирања поради расипување на машините. Ви нудиме актуелни цени, бидејќи во цената за изнајмување е вклучено и редовно сервисирање, односно одржување и поправки. Во случај на подолг застој на некоја машина, ќе Ви обезбедиме машина за замена, истиот модел или слична на неа, доколку е достапна, и нема да Ви ја наплатиме во текот на застојот. Особена предност на нашата организација на транспорт е можноста за брза испорака на машини до Вашето градилиште по фиксни цени. Сите наши машини се осигурани против кражба, пожар и вандализам, а машините кои се користат на јавни патишта се уредно регистрирани. Понатаму, за Ваша безбедност, машините се покриени со осигурување против сите ризици, во случај на несреќи предизвикани од погрешно маневрирање. Сите овие предности ни овозможуваат, во соработка со Вас, да изнајдеме решенија кои најдобро ги исполнуваат Вашите потреби и се најсоодветни за Вашите производни процеси (од краткорочни до долгорочни изнајмувања и специјални договори или флексибилни изнајмувања).


